Вести
„Денови на српската култура“ во Куманово со хуманитарен карактер – средствата за лекување на Олгица Давидовска
Културно-уметничкото друштво „Српски вез“ и оваа година организира завршна манифестација во рамки на „Денови на српската култура“ во Куманово, која традиционално се одржува во чест на Денот на градот – 11 Ноември.
Организаторите најавуваат богата културно-уметничка програма, во која ќе настапат сите секции на друштвото, а за посетителите се подготвуваат и неколку изненадувања.
Овогодишната манифестација ќе има хуманитарен карактер. Сите собрани средства ќе бидат донирани за лекување на Олгица Давидовска, која боледува од релапсно-прогресивна мултиплекс склероза.
Од КУД „Српски вез“ посочуваат дека преку оваа традиционална манифестација, покрај промоцијата и зачувувањето на српската култура, традиција и обичаи, сакаат да испратат и порака за хуманост, солидарност и поддршка на оние на кои помошта им е најпотребна.

Манифестацијата се реализира со поддршка на Општина Куманово, Управата за соработка со Србите во регионот и дијаспората и Министерството за култура на Република Србија.
Сузана Андоновиќ








