Политика за приватност
Политика за приватност на Радио Бум
Радио Бум, посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои процеси, имплементирајќи ги законските прописи за заштита на личните податоци во Република Македонија.
Ве замолуваме внимателно да размислите за регулативите и начините за заштита на приватноста и личните податоци (Политика за приватност) што се собираат од страна на Радио Бум.
Политиката за приватност на личните податоци на веб-страната го уредува начинот на кој Радио Бум ги собира, користи и одржува податоците собрани од корисниците на www.radiobum.com.mk веб-страната.
Со прифаќањето на Политиката на приватност ја давате вашата лична согласност за собирање и процесирање на вашите лични податоци од страна на Радио Бум, под условите наведени подолу.
Радио Бум, може да ја ажурира својата Политика на приватност и начините за користење на cookies во било кое време за целите на порамнување со моменталните регулативи.
Собирање и обработка на вашите лични податоци
Кога Вие, како посетител, ја пополнувате формата за регистрација и притоа доброволно ни доставувате одредени лични податоци кои се зачувуваат, ние се обврзуваме дека ќе ги чуваме и користиме имплементирајќи ги стандардите поставени со прописите за заштита на личните податоци во Република Македонија и стандардите кои постојат во рамките на Компанијата.
Оваа Политика на приватност дефинира што се случува со личните податоци што Вие ни ги доставувате или со податоците кои ние ги превземаме додека Вие ги посетувате или користите нашите сервиси.
Кои лични податоци ги собираме?
При посета и користење на нашата веб страна, може да се запишат и процесираат следните податоци:
– име и презиме, град, поштенски код, адреса на живеење, email адреса,
– информација за користењето на нашиот вебсајт
За кои цели?
Вашите лични податоци ги обработуваме со цел да Ви овозможиме online користење на нашите услуги. Притоа, Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.
Рок на чување на податоците
Личните податоци се чуваат се додека субјектот на личните податоци не ја повлече согласноста. Субјектот на личните податоци има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја повлече дадената согласност.
Обработка на личните податоци
Обработката на личните податоци може да се врши:
– по претходно добиена согласност на субјектот на лични податоци;
Обработката на лични податоци за цели на директен маркетинг е дозволена само доколку личните податоци се обработуваат согласно погоре утврденото.
Субјектот на личните податоци има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг.
Обврска за тајност и заштита на личните податоци
Вашите лични податоци се безбедно сочувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Единствено авторизирани вработени имаат пристап кон овие информации.
Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни методи, така што истите нема да бидат читливи при преносот и заштитени соодветно на ризикот и природата на податоците кои се пренесуваат.
Заради спречување на неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци, ќе се преземат сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.
Откривање на вашите податоци
Ние не ги продаваме, разменуваме или изнајмуваме Вашите податоци на други субјекти кои не се опфатени во оваа Политика,освен во следниве ситуации:
– Личните податоци може да се откријат само во согласност со законските прописи наведени во регулативата зазаштитата на личните податоци како и останатата важечка регулатива
Чување на вашите лични податоци
– Со цел за максимална безбедност на Вашите лични податоци, ние ги превземаме сите можни чекори на заштита.Користиме повеќе безбедносни технологии и процедури кои придонесуваат за заштита на Вашите лични податоци од неавторизиран пристап, користење или откривање на истите.
– Нашите вработени се обучени и запознаени со сите законски и безбедносни правила кои се однесуваат на заштитата налични податоци и се обврзани да се однесуваат согласно истите.
– Сите лични податоци кои ни ги доставувате Вие, се чуваат на сервери до кои има строго дефинирани и ограничениправила за пристап и истите се лоцирани во високо безбедносни зони.
Објава за промени
Доколку има некои промени во нашата заштита на личните податоци ќе бидат напишани во оваа изјава за заштита на личните податоци, почетната страница и на други места за кои сметаме дека се соодветни. Последна промена: 10.02.2020.