Вести
Во Куманово се одржа турнир во стрелаштво по повод 11 Октомври
По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, во Куманово се одржа традиционален турнир во стрелаштво, во организација на Општинскиот стрелачки клуб „Куманово 2000“.

На турнирот, кој се одржа во дисциплината сериска воздушна пушка, учествуваа шест натпреварувачи од Куманово и Прилеп, кои ги одмерија своите вештини во прецизно гаѓање.
Во поединечна конкуренција, првото место го освои Владица Јовановиќ од Куманово со 160 круга, додека второто место му припадна на Младен Каранфиловски од Куманово, со 160 круга. Третопласиран беше Мартин Димитриески од Прилеп со освоени 159 круга.

Во екипна конкуренција, првото место го освои Општинскиот стрелачки клуб „Куманово 2000“ со вкупно 471 круг, додека второпласирана беше екипата од Прилеп со 414 круга.
На најуспешните натпреварувачи им беа доделени дипломи и медали, како признание за постигнатите резултати.
Сузана Андоновиќ








