Вести

Мицковски: Лицето што ми се заканувало е приведено, се надевам дека правосудниот систем ќе го спроведе каде што му е место

Мицковски: Лицето што ми се заканувало е приведено, се надевам дека правосудниот систем ќе го спроведе каде што му е место

Претседателот на владата Христијан Мицковски,  денес потврди дека бил информиран за заканите упатени кон него и неговото семејство преку социјалните мрежи, за кои Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 39-годишен жител на селото Черкези.

– Јас дознав во текот на вчерашниот ден за тие закани кои се напишани на социјалните медиуми од ова лице, дека сум бил „свиња“ и дека „ќе ме колел на плоштад“, а упатил псовки кон мене и моето семејство. Но, јас сум сепак институција. Претпоставувам дека институциите си ги презеле своите надлежности, преку Министерството за внатрешни работи лицето е обезбедено и се надевам дека понатаму правосудниот систем ќе го спроведе таму каде што му е местото – изјави премиерот Христијан Мицковски.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 39-годишен жител на селото Черкези, поради основано сомнение да сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 5 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во пораки преку социјални мрежи, го навредувал и му се заканувал на Претседателот на Владата на РСМ.

Ценејќи ги околностите на извршување на делото, ризикот од бегство, а особено фактот дека осомничениот се јавува како извршител на други кривични дела од областа на насилниот криминал – насилство, лихварство и поголем број на прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Притоа, согласно обезбедените докази во однос на претходното поведение на осомничениот, станува збор за конфликтна личност која влегува во постојани расправии, закани и физички пресметки со пријавители, па се оценува дека постои реален ризик ваквите агресивни испади да прераснат во потешки кривични дела со животозагрозувачки последици со кои се заканува.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

September 14th, 2026

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *