Вести

<strong>КУД „Српски вез“ од Куманово освои Гран при во Црна Гора</strong>

КУД „Српски вез“ од Куманово освои Гран при во Црна Гора

Културно уметничко друштво „Српски вез“ од Куманово постигна голем меѓународен успех, освојувајќи ја највисоката награда – Гран при, првото место, на 11-ти Меѓународен фолклорен фестивал во Бар, Црна Гора.

На фестивалот кој има натпреварувачки карактер, настапиле повеќе ансамбли од 12 држави од регионот и Европа.

,,Настапот во Бар беше дел од осумдневната турнеја на КУД „Српски вез“ во Црна Гора, во чии рамки ансамблот престојуваше и настапуваше и во Будва и Сутоморе.

Освоеното Гран при претставува значајно признание за КУД „Српски вез“, но и за Куманово и Република Македонија, велат од „Српски вез“.

„Ова признание потврдува дека посветената работа, љубовта кон традицијата и квалитетот се препознаваат и на меѓународната сцена“, информираат од КУД „Српски вез“.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

August 7th, 2026

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *