Вести
Светлана Цветковска е нов раководител на Регионалното одделение за статистика во Куманово
Светлана Цветковска, магистер по бизнис администрација, е назначена за нов раководител на Регионалното одделение за статистика во Куманово.
Во Државниот завод за статистика работи од 2015 година, каде што стекнала долгогодишно професионално искуство во областа на статистиката и јавната администрација.
По повод назначувањето, Цветковска истакна дека раководната функција претставува чест, но пред сè голема одговорност.
„Оваа функција за мене е можност со посветеност, професионалност и тимска работа да придонесам за понатамошно успешно функционирање на Регионалното одделение за статистика во Куманово“, вели Цветковска.
Сузана Андоновиќ








