Вести

Од петок до недела акција за собирање на кабаст отпад во Куманово

Од петок до недела акција за собирање на кабаст отпад во Куманово

Од петок 22 мај со почеток во 12 часот до недела, 24 мај до 12 часот на три локации во Куманово ќе бидат поставени контејнерите за собирање на кабаст отпад ( стар мебел, електрични уреди, големи предмети ).

Садовите за кабаст отпад ќе бидат поставени во дворот на училиштетот ,,Толи Зордумис”, во населба Иго Тричковиќ, во дворот на училиштето ,,Христијан Карпош” и во населба Гоце делчев кај ,,Кошеви”.
 
„Апелираме до сите граѓани отпадот како што е стар мебел, душеци, електрични уреди или големи предмети да го одложуваат исклучиво на наведените локации во предвидениот период, со цел сите заедно да придонесеме за почиста и поуредна животна средина“, апелираат од ЈП „Чистота и зеленило“.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

May 19th, 2026

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *