Вести

СВР Куманово поднесе крвични пријави против серискиот убиец од Драгоманце

СВР Куманово поднесе крвични пријави против серискиот убиец од Драгоманце

Истрагата за серискиот убиецот од село Драгоманце, општина Старо Нагоричане,  утврди дека тој убил 4 жени и имал уште два обиди за убиство. Во текот на истрагата биле откопани телата на три жени, а обдукцијата  утврдила дека две од нив се негови жртви.

Полицијата поднесе и кривични пријави против двајца доктори кои во случајот со серискиот убиец од Старо Нагоричане не утврдиле дека жените починале од насилна смрт.

Пријавите се поднесени против двајца доктори од Општата болница во Куманово кој ќе одговораат за „несовесно вршење на службата“.

СВР Куманово поднесе кривични пријави против убиецот од Драгоманце за убиство на уште две жени и обид за убиство на две жени, како и против двајца мртвопроверители од болницата во Куманово

СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривични пријави против Т.Б. (26) од  село Драгоманце, Општина Старо Нагоричане, за сторено кривично дело „убиство” поради основи на сомневање дека ги убил Ј.А. од село Драгоманце и С.К. од село Клечовце, како и поради сомневање за сторено кривично дело „обид за убиство“ врз С.А. и Р.Т.. По извршени проверки и ексхумација на телата на Ј.А. и С.К., утврдено е дека лицата починале од насилна смрт. Врз основа и на други сознанија и докази, било утврдено дека тој ги убил двете жени и во координација со ОЈО, против него е поднесена кривична пријава. Претходно, СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривични пријави против Т.Б. за убиство и на М.С. и М.М., а по предлог на јавниот обвинител, од страна на надлежен судија му е одредена мерка притвор.

СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе и кривична пријава за сторено кривично дело „несовесно вршење на службата“ против мртвопроверителите М.С. и Д.Д. од „Општа болница“- Куманово.

Убиецот бил пресметлив кога ги извршувал убиствата , а убивал од омраза кон жените. Обвинението се очекува да биде подигнато за еден месец.

Три од жртвите се повозрасни, а една помлада.

Се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

May 14th, 2026

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *