Вести
Јавна дебата: „Женско лидерство како огледало на заедницата“
Хуманитарното здружение „Мајка“ Куманово организира јавна дебата на тема „Женско лидерство како огледало на заедницата“, која ќе се одржи во Занаетчиски дом – Куманово, со учество на претставнички од локалната самоуправа, жени активистки од рурални заедници, граѓански организации, јавни институции и медиуми.
Настанот има за цел да отвори суштински дијалог за учеството на жените – особено жените од руралните средини – во процесите на локално одлучување и креирање политики.
Во рамки на дебатата ќе бидат презентирани наоди и искуства од терен, кои ги отсликуваат секојдневните предизвици со кои се соочуваат жените во локалните заедници.
Во фокусот на дискусијата ќе бидат:
- постојните механизми за граѓанско учество и нивната функционалност,
- можностите за поголемо и систематско вклучување на жените од терен,
- конкретни препораки за родово одговорно локално планирање.
Претставници на локалната самоуправа и жени од локалните заедници ќе споделат искуства, предизвици и конкретни предлози за подобрување на соработката меѓу институциите и жените, со акцент на жените од руралните средини.
Оваа дебата претставува важен чекор кон зајакнување на локалното женско граѓанско учество и создавање одржливи механизми за директно вклучување на жените во процесите на донесување одлуки.
Медиумите, граѓанските организации и сите заинтересирани граѓани се поканети да присуствуваат и активно да се вклучат во дискусијата.
Јавната дебатае дел од проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници”, финансиран од Европската Унија, ко-финансиран од Шведска, а имплементиран од The Kvinna till Kvinna Foundation во партнерство со Акција Здруженска и Хуманитарното здружение „Мајка” Куманово.
Сузана Андоновиќ








