Вести
Граѓаните преку СМС добиваат измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци, од МВР апелираат да не се оставаат лични податоци
Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е забележана зачестена појава изминативе денови, каде непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 испраќаат на македонски корисници пораки за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна картичка за истиот на лажна веб страна http://mvr.govmk.cam/mk .

Според податоците од интелигентниот систем за видео надзор, вашиот запис за прекршоци во возилото е прикачен на системот и архивиран.
Одредби за казни: Ќе бидете предмет на соодветната казна во согласност со законот.
Законско намалување: Според северно македонскиот закон, ако платите во рок од 8 дена од приемот на ова известување, ќе треба да платите само 50% од вкупната казна.
Спроведување: Ако плаќањето не се изврши во наведениот рок, ќе се покрене административна постапка за спроведување; истовремено, соодветниот запис за прекршоци ќе биде директно поврзан со вашиот годишен преглед на возилото (Registracija).
Официјален портал за жалби и плаќање: https://mvr.gov-mk.mom/mk-MK
Ве молиме одговорете со бројот „1“ за директно да ги видите фотографиите од местото на прекршокот и поврзаните електронски обработени официјални документи.
Измамата ја вршат на тој начин што, откако лицата ќе кликнат на линкот оставен во пораката, истиот води на лажна веб страна на МВР каде што бараат да ја внесете Вашата регистарска табличка од Вашето возило и потоа Ве носи на нов прозорец каде ви е регистриран прекршок и Ви бараат наплата од 1500 денари за истиот.
Апелираме до граѓаните да бидат претпазливи и да не веруваат на пораки кои доаѓаат од нелегитимен веб сајт на Министерството, ниту да оставаат свои лични податоци и податоци од својата платежна картичка, кои потоа претставуваат цел на злоупотреба.
Исто така Секторот за компјутерски криминал при МВР апелира до граѓаните и правните субјекти да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи со цел да не наседнуваат на измами од ваков тип.
Сузана Андоновиќ








