Вести
Дојава за бомба во основно училиште во Куманово
На електронска адреса во Основно училиште Крсте Мисирков бил испратен меил дека е поставена експлозивна направа за која полицијата утврдила дека е лажна.
Од СВР Куманово информираа дека денеска (19.03.2026) околу 12:50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на електронска адреса на основно училиште во Куманово е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки, извршени се проверки и констатирано е дека се работи за лажна пријава. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Сузана Андоновиќ








