Вести

Гимназијата „Гоце Делчев“ домаќин на ученици од Црна Гора во рамки на проектот „Суперучилиште“

Гимназијата „Гоце Делчев“ домаќин на ученици од Црна Гора во рамки на проектот „Суперучилиште“

Од 9 до 14 март успешно се реализираше вториот дел од проектот „Суперучилиште“. Во тој период, СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ од Куманово беше домаќин на 15 ученици и двајца професори од Мешовитото средно училиште „Младост“ од Тиват, Црна Гора.

Проектот „Суперучилиште“ е финансиран и поддржан од Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан (RYCO) и се реализира преку партнерска соработка помеѓу СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ Куманово и Мешовитото средно училиште „Младост“ од Тиват. Темата на проектот е „Глас на младите од Балканот“.

-Во текот на изминатата недела учениците имаа можност да учествуваат во разновидна и богата програма. Покрај тематските работилници што се одржуваа во училиштето, посветени на интеркултурниот дијалог меѓу младите и надминувањето на предрасудите и стереотипите, средношколците се запознаа и со културните и природните богатства на нашиот град и неговата околина, информираат координаторите на проектот.

Во рамки на програмата тие ја посетија мегалитската опсерваторија Кокино, ја разгледаа музејската поставка во Народниот музеј во Куманово, а имаа можност да ја посетат и ликовната изложба во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, каде се запознаа и со работата на оваа значајна културна установа.

Координаторите информираат дека спортските активности биле неизоставен дел од програмата, бидејќи токму преку спортот младите најдобро го развиваат тимскиот дух, самодовербата и личниот развој.

Овој проект уште еднаш потврди дека образованието и соработката меѓу младите се клучни за создавање позитивни промени во општеството. Учениците од Црна Гора и Македонија ги унапредија своите вештини за меѓукултурно разбирање и градење меѓусебна доверба, а во слободното време стекнаа и нови пријателства со своите врсници.

Координатори на проектот се наставниците Лидија Тасевска и Далибор Димковски.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

March 16th, 2026

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *