Вести
Обвинителството побара ескумација на уште една можна жртва на осомничениот серискиот убиец од Драгоманце
Обвинителството на денешниот брифинг со новинарите објави дека за случајот- со можниот сериски убиец од Драгоманце 25 годишниот Т.Б. за убиства на две жени во Старо Нагоричане ќе се бара уште една ексхумација. Во интерес на истрагата не се даваат повеќе информации, а веќе е формиран тим од правосудна полиција и од СВР Куманово
Инаку осомничениот сериски убиец беше приведен и одредена му е мерка притвор на 10-ти февруари, откако беше пронајдена последната негова жртва 78-годишна жена од Старо Нагоричане. Обвинителството нареди ексхумација и на 35-годишната жена која претходно на сличен начин била пронајдена мртва во нејзиниот дом во истото село.
Обдукцијата и ДНК анализата покажала дека и двете се жртви на 25-годишниот Т.Б. од село Драгоманце.
Сузана Андоновиќ








