Вести

Насилна смрт на есхумираната помлада жена од Старо Нагоричане

Насилна смрт на есхумираната помлада жена од Старо Нагоричане

Завршена е обдукцијата и на втората жена за која обвинителството минатата недела нареди ексхумација и обдукција, по убиството во Старо Нагоричане. Директорот на Судска медицина проф. д – р Александар Станков изјави дека станува збор за насилна смрт и кај втората помлада жена, но дека се подготвува писмениот извештај кој најверојатно до понеделник ќе биде доставен до Обвинителството.

– Станува збор за насилна смрт и кај втората помлада жена за која обвинителството побара ексхумација, изјави Станков. Тој повтори дека примероци за ДНК анализа се земени и од претходната жртва, повозрасната жена од село Челопек. Кај двете жени станува збор за насилна смрт.

Куќа на жртвата на можниот сериски убиец, тука осомничениот го извршил убиството

Од ЈОРСМ велат дека во моментот тече истрагата за осомничениот за убиство од општина Старо Нагоричане и посочуваат дека вештиот наод од обдукцијата не е доставен до Обвинителството. Минатата недела (20 февруари) обвинителството соопшти дека е наредена ексхумација и обдукција, од телото на починатата жена, поради како што наведе тогаш „заради сличности во однос на изборот на жртвата и суровиот начин на извршување на делото се испитува дали и во тие случаи станува збор за убиства извршени од истиот сторител“.

– Завршена е обдукцијата, се подготвува писмениот извештај и извештајот од ДНК анализите, така што очекувам во најбрз можен рок, најдоцна до понеделник, Обвинителството да го има наодот од обдукцијата и од ДНК анализите. Она што единствено можам да кажам, бидејќи се работи за истрага е дека се работи за насилна смрт и кај втората помлада жена, изјави Станков.

Тој повтори дека примероци за ДНК анализа се земени и од претходната жртва, повозрасната жена од село Челопек, каде исто така има насилна смрт и од осомничениот и дека се работи на сите анализи.

Основното јавно обвинителство Куманово, соопшти дека сите надлежни институции и органи преземаат огромен број дејства за обезбедување докази за целосно расчистување на овие настани. Осомничениот е обезбеден и во следните денови ќе следува негова психијатриска процена од тим на експерти.

– Во текот на оваа сложена постапка се вршат распити на лица, а ќе бидат обезбедени и сите други потребни докази за целосно расчистување на случаите, но во оваа фаза од постапката во интерес на истрагата не може да се споделуваат повеќе детали – соопштија од ЈОРСМ. 

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

February 25th, 2026

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *