Вести
Момче загина во сообраќајна несреќа кај Смилчинци, Старо Нагоричане
Момче на 25 години загина во сообраќајна несреќа на магистрален пат Куманово- Крива Паланка, кај местото Смилчинци, Старо Нагоричане која се случила вчера околу 19 часот. Причината за сообраќајната несреќа било куче кое излегло на патот. Возачот го удрил кучето и преминал во спротивна насока каде директно се судрил со друго возило.
Во соопштението на СВР Куманово е наведено дека на 15.02.2026 околу 19:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане, патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од с.Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник, по што преминало во спротивна сообраќајна лента и дошло до директен судир со патничко возило „бмв“ со кривопаланечки ознаки, управувано од Ф.Ј.(27) од с.Длабочица, кривопаланечко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од патничкото возило „бмв“, А.С.(20) и С.Ј.(53) двете од Крива Паланка, констатирани во Општа болница Куманово, каде што возачот С.Т. им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.
Сузана Андоновиќ
фото архива на радио Бум








