Вести

Две лица синоќа со тупаници нападнале противпожарна екипа пред зградата на територијалната противпожарна единица во Куманово

Две лица синоќа со тупаници нападнале противпожарна екипа пред зградата на територијалната противпожарна единица во Куманово

Според информациите на надлежните во кумановската пожарна, екипата се враќала од терен, насилниците прво им го пресекле патот, а додека се паркирале пожарникарите тие дошле до противпожарното возило. Додека С.С. излегувал од камионот, го повлекле и го нападнале со тупаници.

Во противпожарното возило имало тројца пожарникари, а физички бил нападнат само С. С.

Од полицијата го потврдуваат нападот, на 11.02.2026 во 17:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Љ.Г.(32) и Ф.С.(32), двајцата од Куманово. Тие се сомничат дека пред зградата на Територијална противпожарна единица Куманово физички го нападнале С.С.(35) од Куманово, вработен во Територијална противпожарна единица Куманово. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Од Синдикат на пожарникарите на Македонија при НСДА изразува најостра осуда за синоќешниот брутален напад врз тројца наши колеги. Нападот со тупаници и камења врз пожарникари-спасители пред самиот објект на единицата е недозволив чин на насилство врз луѓе кои се во служба на граѓаните!

Нашите пораки се јасни пожарникарите се службени лица и #Бараме од Министерство за внатрешни работи и Обвинителството итно да ги процесуираат напаѓачите до Основниот суд Куманово. За напад врз овластено лице мора да има кривична одговорност!

Хуманоста не смее да биде цел на напад: Ние сме тука за да спасуваме животи и имоти.

#Пожарникарите заслужуваат почит и безбедност на своето работно место, а не физички напади.

Бараме правда: Овој случај не смее да помине неказнето за да не се повтори. Институциите мора да покажат дека законот важи за сите и дека нападот врз спасителите е напад врз целата заедница.

Нема да молчиме додека не се задоволи правдата!

Целосна поддршка за нашите повредени колеги, велат од синдикатот на пожарникарите на Македонија.

И градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски го осуди нападот на пожарникарите.

„Недозволиво е напад на службени лица при вршење на својата службена должност. Пожарникарите, како и сите лица кои се во служба на чување на безбедност на граѓаните заслужуваат почит, а не физички напади. Апелирам надлежните институции итно да реагираат и да постапат согласно законот. Секој сторител на вакво дело треба да сноси одговорност.

Посакувам побрзо закрепнување и враќање на работните задачи на повредените лица, вели Димитриевски.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

February 12th, 2026

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *