Вести

Хуманитарна акција на ИПА во Куманово, поделени 145 новогодишни пакетчиња

Хуманитарна акција на ИПА во Куманово, поделени 145 новогодишни пакетчиња

Интернационална полициска асоцијација, ИПА – Регион Куманово, преку членовите на Управниот одбор и Комисијата за млади, спорт и култура, реализираше хуманитарна акција со доделување новогодишни пакетчиња на дечиња од кумановската градинка, објект „Синоличка“ и на дечиња кои се на лекување на Детското одделение во кумановската болница.

Во рамки на акцијата беа поделени вкупно 145 новогодишни пакетчиња, за кои средства се собрани како доброволен прилог за време на претходно организирана ИПА меѓународна средба во Куманово, а по иницијатива на Комисијата за млади, спорт и култура при ИПА Регион Куманово, информираат од ИПА Куманово.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

December 30th, 2025

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *