Вести
Нов директор на кумановското јавно претпријатие „Водовод“ е Игор Липковски
Нов директор на кумановското јавно претпријатие „Водовод“ е Игор Липковски, кој доаѓа на местото на Оливер Стојмановски.
На оваа позиција доаѓа од јавното претпријатие каде што работел во Одделот за човечки ресурси. Претходно работел и во подрачното одделение на ПИОМ. Липковски завршил на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) и е магистер на правни науки.
– Ќе се залагам за подобрување на услугите кои претпријатието ги нуди кон правните и физичките лица, навремена испорака на вода до крајните корисници, стабилизирање на претпријатието, унапредување на услугите, изјави Липковски.








