Вести

Срѓан Ивановски е нов раководител на регионалната канцеларија на Централен регистар во Куманово

Срѓан Ивановски е нов раководител на регионалната канцеларија на Централен регистар во Куманово

Срѓан Ивановски е нов раководител на регионалната канцеларија на Централен регистар во Куманово. тој е дипломиран правник со правосуден испит и поранешен вработен во ФЗОМ ПС Куманово како стручен соработник.

-Ми претставува особена чест и задоволство, но истовремено и голема одговорност и обврска што ќе имам можност да менаџирам и застапувам една таква престижна и пред сè транспарентна институција на локално и регионално ниво (РК Крива Паланка). Тука сум нешто повеќе од три месеци и од она што го видов досега морам да констатирам дека во институцијата работат колеги кои се професионални во својата работа, почитувајќи го пред сè етичкиот кодекс на однесување, а применувајќи го начелото на законитост и ефикасност, изјави Ивановски.

Тој најави унапредување на услугите бидејќи, како што рече, работата на централниот регистар е основа за многу процеси во земјата. Во последните месеци кажа дека реализирале значајни подобрувања во системите за ефикасност и безбедност на податоците, укажувајќи дека како раководител ќе се посвети на обезбедување точни и ажурни податоци за граѓаните и деловните субјекти, ќе работат на новите промени, дигитализација на услугите, што ќе ја олесни комуникацијата со граѓаните и ќе ја забрза обработката на податоците. Целта, како што кажа е да бидат транспарентни и достапни и да го зголемат нивото на доверба во институцијата. Тој се заблагодари на генералниот директор на Централен регистар Анита Стамнова за укажаната доверба.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

November 19th, 2025

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *