Вести

Операција на бутна коска ќе се прави во Општа Болница во Куманово

Операција на бутна коска ќе се прави во Општа Болница во Куманово

Кумановската болница ќе биде регионален центар за североисточниот дел на Македонија , со амбиции да прерасне во национален центар за проксимален фемур.

Во ЈЗУ Општа Болница Куманово, лекарите започнаа со примена на нова и современа оперативна техника наменета за третман на проксимални фрактури на бутната коска со механизам на двојна компресија, информираат од болницата.

-Нашиот тим на хирурзи, ортопеди и трауматолози е обучен за примена на оваа најнова технологија која претставува значителен напредок во третманот на трауматолошки повреди. Оваа техника претставува  третман на интрамедуларни фрактури со двоен компресивен механизам и истата придонесува висока биомеханичка стабилност, оптимална компресија и најважно за пациентите, брза пост оперативна мобилизација.  Оваа е само прва фаза во која ќе бидеме регионален центар за североисточниот дел на Р. Македонија , со амбиции да прераснеме во национален центар за проксимален фемур.

-ЈЗУ Општа Болница Куманово бележи  континуирана посветеност кон унапредување на хируршките методи и подобрување на грижата за пациентите. Се стремиме да бидеме лидери во примената на иновативни технологии кои овозможуваат подобри резултати и поквалитетен живот на пациентите, информира Сашо Стошевски, директор на општа болница Куманово.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

November 11th, 2025

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *