Вести
Невремето и снегот ги оставија жителите на селата во козјачието без струја
Повеќе села во Козјачкиот регион од четврток преку ноќ се без снабдување со електрична енергија поради силното невреме и снегот кој го зафати регионот. Дрвја паднале врз електричните водови, оштетувајќи ја мрежата — една бандера е скршена, а на неколку локации има и скинати жици, информираат од ЕВН.

Жителите велат дека состојбата станува сè потешка: замрзнувачите со прехранбени производи почнале да се размрзнуваат, а поради долгото отсуство на струја батериите на мобилните телефони се испразниле, што ги оставило без можност за контакт со надворешниот свет.

Од компанијата ЕВН информираат дека дефектот е посериозен и дека екипите се на терен. Поради непристапниот и уште заснежен терен во Козјачието, санацијата се одвива отежнато. Сепак, надлежните уверуваат дека се прават максимални напори проблемот да биде надминат во најкус можен рок и снабдувањето со електрична енергија да се нормализира.
Сузана Андоновиќ








