Вести

Паника, чума и – или пропаганда

Различни профили на социјални мрежи споделуваат информации дека по појавата на африканска чума се уништува домашниот сточен фонд. Ваквите тврдења за намерно уништување на домашното производство сè уште опстојуваат. Фармерите револтирани, велат „традиционалното производство“ се уништува и се увезува месо со сомнително потекло кое ќе наштети на здравјето на луѓето. Во земјоделска група во земјава, при вакви објави се забележуваат коментари дека „чумата се институциите кои сакаат да го уништат домашното производство“.

Во Куманово, производителите на свинско месо протестираа и обвинуваат дека се уништува ситниот земјоделец на сметка на корпорациите, државата штити „туѓа агенда“ и посакува увоз на сметка на домашното производство. АХВ и останатите институции излегоа со конкретни мерки и чекори кои се применуваат насекаде во Европа при појава на ваква болест кај животните, карантин-зони и привремена забрана на трговија од заразените региони. Дел од граѓаните споделуваа и ширеа вести дека свињите намерно се заразени за да се уништи македонскиот сточен фонд и да се увезе замрзнато месо.

Од АХВ велат дека процедурата за увоз на месо опфаќа од контрола на ветеринар на граничен премин на влез, документација, идентитет и физички преглед. Пратките со месо од увоз се прегледуваат преку сертификати и други документи издадени до земјата извозник со кој се гарантира безбедноста на месото. АХВ ги прегледува ознаките на превозните средства и декларациите на самото месо. Следува физички преглед на месото, хигиенски преглед на и проверка на температура, органолептички преглед – мирис, боја вкус, и лабораториски анализи за утврдување на усогласеност со прописите. – Доколку, официјалниот ветеринар констатира дека месото не ги исполнува условите за увоз пратката не може да се увезе, односно се наложува согласно закон, одбивање и враќање на пратката во земјата на потекло, уништување во депонија одобрена за таа намена или нејзина пренамена доколку е возможно.

– Врз основа на тоа, секоја пратка која е со сомнително потекло и не ги исполнува условите за увоз во РСМ не може да се увезе во РСМ, јасни се од АХВ.

Од Царина посочуваат дека увозот на месо подлежи на посебни регулативи и е регулиран со задолжителни документи и сертификати од надлежни институции, во случајот од Агенција за храна и ветеринарство. Царинската управа врши контрола во однос на правилна класификација на стоката во соодветна тарифна ознака. – Изминатите години Царинската управа заедно со МВР и АХВ учествуваше во операциите OPSON на Интерпол чија цел е спречување меѓународен криминал со небезбедна храна и пијалаци, велат од Царина.

И покрај тврдењата на институциите, преземените мерки, земјоделците не отстапуваат од размислувањата кои не се карактеристични само за Македонија, туку генерално во Европа.

Од Асоцијацијата на земјоделци велат размислувањата на фармерите се должат и на неажурноста на институциите кои оставиле простор да се шират дезинформации. До моментот до угинувањето на свињите фармерите цврсто верувале дека станува збор за агенда која има за цел да го уништи македонското производство и во земјава да се увезе „вештачко месо“.

Изјава Гоце Серафимов, потпретседател на Асоцијација на земјоделци и одгледувач на свињи.

Во истиот период, африканска чума беше евидентирана и во соседна Србија и Босна и Херцеговина и наративите беа скоро идентични, дека Европа сака да го уништи домашното производство и да пласира свое месо од сомнително потекло. Изјавите одеа до степен дека на пазарот ќе се понуди вештачко месо, со што се потврди политичкото влијание на проруските портали во Западен Балкан кои имаат за цел да создадат анти ЕУ расположение и регулативите кои се применуваат, да се создаде недоверба во институциите и да шири паника и страв кај населението.

Традиционалните медиуми во Македонија не споделуваат лажни информации, но тука се профили кои споделуваат дезинформации поврзани со увоз на храна во специјализирани групи. Дел од нив, објаснуваат медиумските експерти потекнуваат од Кремљ, дел од поединци од Европа кои се „проруски“ ориентирани, некои се жртви на теории на заговор. Сточарите беа лесна мета за манипулација, бидејќи веќе кај нив имаше силни емоции при депопулацијата на заразениот сточен фонд. Изјава Владимир Петрески уредникот на „Вистинометар“.

Владимир Петрески-Уредник на Вистинометар (Фото Метаморфозис)

И покрај депопулацијата на свињите, сточарите добиваа фер надомест. Од АХВ велат дека е важно да се одржи засилен пасивен надзор. Особено важно е да се одржува засилен пасивен надзор, пред сè во мали и средни комерцијални фарми, како и во домаќинства, со цел навремено откривање и потврда на отсуство на болеста кај домашната свинска популација. Во првата половина на 2025 година, беа тестирани вкупно 452 примероци од домашни свињи за АФС со PCR метод, велат од АХВ. Вакви наративи се ширеа и во соседните земји кои исто така се соочуваа со овој проблем, но и во Европа. Истражувањето на странските медиуми покажува дека африканската чума е предмет од манипулации.

https://www.eurotopics.net/en/343614/estonia-on-edge-after-swine-fever-outbreak?utm_source=chatgpt.com

https://raskrinkavanje.ba/analiza/nestle-ne-proizvodi-vjestacko-meso-od-zivotinjskih-i-ljudskih-celija-u-srbiji?utm_source=chatgpt.com

https://www.raskrinkavanje.me/analiza/teorije-zavjere-o-slucajevima-africke-svinjske-kuge-u-regionu/?utm_source=chatgpt.com

Институциите работат на јакнење на свеста кај населението. Агенцијата за храна и ветеринарство, постојано работи на подигнување на јавната свест во однос на африканската чума кај свињите, едукации на фармери, ветеринари, со помалите производители. Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) ја поддржува кампањата во 18 земји од Европа. – Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со меѓународната организација ФАО и техничкиот проект за соработка (TCP/RER/3907) се спроведе симулациска вежба на тема: Итен одговор на појава на АСЧ на територијата на Западен Балкан, спроведе симулациска вежба на маса и теренска вежба за африканска свинска чума во Велес, на 11 и 12 март 2025 година, соопштија од АХВ.

Од Царина додаваат дека лани бил спречен шверц на 4,4 тони месо од дивеч ризичен по здравјето на граѓаните. Случајот беше откриен при контрола на стока декларирана како пластични палети и подвижни метални рафтови.

– На иницијатива на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, зајакната е соработката со АХВ, а во насока на фер конкурентност на економијата преку откривање царински измами со храна, зголемена безбедност на храната која се внесува во државата преку заеднички и координиран пристап како и олеснување и забрзување на легалната трговија преку усогласување на смените на двете институции, велат од Царина.

Од Царина додаваат дека откриени се повеќе случаи на царински измами каде увозите се распоредувале во тарифни ознаки со пониски царински стапки со цел избегнување плаќање давачки. Поднесени се кривични пријави за царинска измама и остварена е дополнителна наплата на приходи по овој основ. Брзо и ефикасна реакција на институциите може значително да ги намали негативните ефекти од ширење на дезинформации во јавноста, особено за теми како што е увоз на храна. За земјоделците е многу важно брзо да се информираат и институциите координиран да делуваат.

МП3 Радио Бум

Александра Максимовска и Сузана Андоновиќ

Project implementers, as laid down in the grant agreement, should provide visibility of programmes supported by the UK Government through the programmes of the British Embassy Skopje.  
 
The British Embassy Skopje provides the British Embassy logo and UK International Development logo to project implementers and they should not be amended.
 

Овој производ е подготвен во рамки на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“ финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје.  Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.

Radio Bum

September 19th, 2025

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *