Вести
Завршен настан од проектот „Младите во борба против корупција“
Завршен настан на кој беа презентирани наградените дела од ликовниот конкурс „Нема корупција – Остануваме во Република Северна Македонија“! Од учениците од средните училишта од Куманово и Штип се одржа денеска во Куманово. Учениците порачаа дека не сакаат корупција која го нарушува напредекот на државата.
Настанот, го спроведуваат ЦРЗ „Дром“ во партнерство со Здружението на мултиетничко општество за човекови права – Штип, во рамки на проектот „Младите во борба против корупција“, кој се спроведува како субгрант во рамки на програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“, финансирана од Европската Унија.
На завршниот настан беа презентирани резултатите од спроведените активности, пред присутните беше презентирана анализата од спроведена анкета помеѓу 160-те младите од трите средни училишта од двата града.
– Ние ги прашавме во однос на тоа дали ги дали ја препознаваат корупцијата, елементите, формите на корупција, нивните ставови. Младите најчесто го препознаваат митото коешто прилично застапено во општество, препознаваат корупција во образование, здравство и во останатите сфери од општеството. Од почетокот на проектот, најмногу внимание предизвика случајот во Кочани и изгубените млади животи, изјави Ерол Адемов од Здружението на мултиетничко општество за човекови права – Штип.

Учениците се едуцирани да ја препознаат корупцијата, да пријават преку превенција и да се едуцираат меѓу себе. Во рамки на проектот одржани се работилници, дебати, посета на канцелариите на народниот правобранител, на Државната комисија за заштита и спречување на корупција каде се информирале за нејзините надлежности, ингеренции, начините на пријава на корупција. Во рамки на проектот било спроведено истражување и денешниот завршен настан.

-Особено ни е драго што учениците добија заклучок од проектот, сепак дека за жал во државата постои корупција, но од друга страна тие се научија да ја препознаваат во локалните заедници. Со изработка на цртежите и преку креативните работилници порачаа дека веруваат во промените и се пдоготвени да дејствуваат и да создадат општество каде чесноста и вредноста се на првото место, изјави директорката на СОУ Димитар Мирасчив – Штип, Марина Варадиновска.
Надлежните се надеваат дека иницијативите на младите ќе се инкорпорираат во свеста кај пошироката јавност за борба против корупцијата. Проектот траеше девет месеци.
Александра Максимовска








