Вести

Младите уметници против корупцијата: Куманово и Штип ги добија најдобрите цртежи на конкурсот по повод Меѓународниот ден на младите“

Младите уметници против корупцијата: Куманово и Штип ги добија најдобрите цртежи на конкурсот по повод Меѓународниот ден на младите“

Радио Бум 12 август 2025

Заврши ликовниот конкурс помеѓу средношколците од Куманово и Штип. Избрани се победниците од пријавените кои твореа на тема „Нема корупција – Остануваме во Република Северна Македонија“!

Конкурсот по повод Меѓународниот ден на младите го организираа ЦРЗ „Дром“ во партнерство со Здружението на мултиетничко општество за човекови права – Штип, го реализира проектот „Младите во борба против корупција“, кој се спроведува како субгрант во рамки на програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“, финансирана од Европската Унија.

– Со гордост ги објавуваме трите најдобри цртежи од нашите талентирани средношколци, кои со своите дела испратија силна порака за борба против корупцијата и за градење подобра иднина во нашата земја. Овие цртежи се доказ дека младите веруваат во промени и се подготвени да дејствуваат за да создадат општество каде што чесноста и вредностите се на прво место, изјави Муарем Шакировски-Ганди, поранешен проектен менаџер на проектот. Наградени се плакатот „Нема корупција остануваме во Македонија, затоа што вреди“ од средношколците на СОУ „Димитар Мирасчив“ – Штип: Анастасија Трајчева, Амела Јусинова, Џем Пашов, Милена Јаковска, Јована Додевска, Шенај Мустафова, Гизем Мустафова, под менторство на професорката Лидија Трендафилова. Цртежот „No corruption Live in Macedonia“ од средношколката на ОСТУ Наце Буѓони – Куманово, Леонтина Цветановска, под менторство на професорката Тања Соларска-Темелковски. Цртежот „Кажи НЕ“ од средношколката на ОСТУ Наце Буѓони – Куманово, Меглена Насковска, под менторство на професорката Тања Соларска-Темелковски. Во рамките на проектните активности, беа вклучени ученици од средните училишта ОСТУ „Наце Буѓони“ и СОУ „Перо Наков“ од Куманово, како и СОУ „Димитар Мирашчиев“ од Штип. Тие присуствуваа на четири работилници – по две во Куманово и Штип – посветени на препознавање на различните форми на корупција и иницијативите за нејзино спречување.

Учесниците ги посетија канцелариите на Народниот правобранител во Куманово и Штип, како и Државната комисија за спречување на корупција во Скопје, каде што службеници од Комисијата одржаа предавања и обука за начини на пријавување на корупцијата. По повод Меѓународниот ден на младите – 12 август, двете организации организираа ликовен конкурс на тема „Нема корупција – остануваме во Р.С. Македонија“.Избраните дела ќе бидат отпечатени на корици на нотеси, кои ќе бидат доставени до претставници на локалната и централната власт, со цел преку креативноста да се пренесе пораката на младите за општество без корупција.

Александра Максимовска

Radio Bum

September 15th, 2025

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *