Вести
Осум кандидатури за градоначалник има поднесено во Општинската изборна комисија во Куманово за претстојните локални избори и четиринаесет листи за советници
Осум кандидатури за градоначалник има поднесено во Општинската изборна комисија во Куманово за претстојните локални избори и четиринаесет листи за советници, информираат од ОИК.

Во трката за градоначалник на општина Куманово ќе бидат
-Максим Димитриевски од Движење ЗНАМ – За наша Македонија,
-Мартин Костовски од Коалиција за Локални избори 2025 година
-Мирослав Петковиќ од Политичка партија Левица,
-Горан Стојковски – Диро од Група избирачи-Горан Стојковски,
-Арбен Етеми од Коалиција Влен ,
-Мартин Костовски Коалиција за Локални избори 2025 година предводена од СДСМ,
-Нинослав Јакимовски ќе настапи како независен,
Искуство за успех-Либерално-Демократска партија, Граѓанска опција за Македонија, Интегра-Македонска конзервативна партија и Партија за целосна еманципација на ромите од Република Северна Македонија Виолета Арсовска,
Национална Алијанса за интеграција-НАИ Селвер Ајдини .
Во трката за советници до ОИК има поднесено вкупно четиринаесет листи
Група избирачи-Месут Бајрами-За Албанците од Куманово Месут Бајрами
Политичка партија Левица Виторио Зафировски
Група избирачи-Иван Петковски Иван Петковски
Коалиција Влен Скендер Османи
Твоја Македонија (Вмро-Демократкса партија за македонско национално единство) Социјалистичка партија на Македонија, Демократкси сојуз-ДС, Српска Напредна странка во Македонија-СНСМ, Бошњачка народна партија- БНП, Демократски сили на Ромите-ДСР, Партија на обединети демократи на Македонија-ПОДЕМ, Партија на Власите од Македонија, Глас за македонија- ГЛАС, Нова либерална партија НЛП, Социјалдемократска унија- СДУ, Роми обединети од Македонија-РОМ, Работничко земјоделска партија на Република Македонија, Обединета партија за еднаквост на Ромите-ОПЕР, Достоинство, Трајно Македонско Радикално Обединување, ТМРО, Македонски концепт МКонцепт, Партија на Хрватите во Македонија-ПХМ, предводена од ВМРО-ДПМНЕ( ВМРО-Демократкса партија за македонско национално единство) Владимир Михајловски
Коалиција за Локални избори 2025 година предводена од СДСМ Томица Илиќ
Политичка партија Македонска Ера Трета/Македонски независни листи-Суверенисти Марјан Пешевски
Искуство за успех-Либерално-Демократска партија, Граѓанска опција за Македонија, Интегра-Македонска конзервативна партија и Партија за целосна еманципација на ромите од Република Северна Македонија Тома Глигоријевски
МААК Аца Јаневски
Коалиција за зелена иднина Сретен Стојковски
Демократска партија на Србите во Македонија-Братска Иван Стоилковиќ
Национална Алијанса за интеграција-НАИ Блерим Исени
Движење ЗНАМ- За наша Македонија Ивана Ѓорѓиевска
Единствена Македонија Сунчица Павлова.

Како што информираше Кристина Цветковска, претседателка на ОИК Куманово во моментов се проверуваат листите, по што ќе бидат потврдени или отфрлени листите.
Откако ќе заврши проверката за исполнетост на условите и ќе заврши процесот на отстранување на евентуални неправилности или пропусти во кандидатските листи, општинските изборни комисии ги доставуваат потврдените листи до Државната изборна комисија за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати, веднаш по потврдувањето на листата односно најдоцна на 20 септември 2025 година.
По завршување на процесот на проверка на документацијата и исполнетоста на законските услови и потврдување од страна на ОИК, ДИК ќе ги објави сите потврдени листи по општини кои ќе учествуваат на изборите.
Жрепката за утврдување на единствена листа на кандидати ДИК ќе ја одржи најдоцна на 25 септември.
Првиот круг од локалните избори ќе се одржи на 19 октомври 2025, а вториот две недели подоцна, на 2 ноември.
Изборната кампања официјално ќе започне 20 дена пред денот на гласање.
Сузана Андоновиќ








