Вести

Обид за палење на возила во Долно Којнаре

Обид за палење на возила во Долно Којнаре

Едно лице со бензин испрскало две возила во дворно место во Долно Којнаре, а брзата реакција на сопственикот го спречило во намерата да ги запали, информираат од полицијата. Пироманот откако бил забележан избегал.

– На 13.09.2025 во 04:32 часот во СВР Куманово, Г.Ѓ. пријавил дека во неговото дворно место во Долно Којнаре, кумановско, едно лице со бензин ги испрскало возилата „јагуар” и „ауди” со намера да ги запали, но откако реагирал побегнало и не успеало во намерата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување и документирање на случајот, информираат од СВР Куманово.

Radio Bum

September 13th, 2025

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *