Вести
Ловечко друштво „Сокол“ времено ја поврати лиценцата за лов, новиот претседател Владимир Михајловски ќе се заложи за обединување на членството
Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ловечките друштва „“Сокол од Куманово и Осогово од Кочани, денес потпишаа и примија договори со кои си ги враќаат своите ловишта, кои им биле одземени како резултат на неправилности.
Владимир Михајловски, претседател на ловечкото друштво ,, Сокол“ од Куманово вели дека решавањето на овој проблем било еден од приоритетите на Ловечката Федерација на Македонија и упатуваат благодарност до министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, кој се заложил за решавање на долгогодишниот проблем со ловечките друштва.

- Приоритет за ловечкото друштво, Сокол и на мене како претседател ќе биде обединување на членството и заштита на дивечот и природата, вели Михајловски.
Во кумановскиот регион има 12 ловишта со диверзитет од полски и планински дивеч.
• Нашиот регион е прекрасно место за лов имаме полиња и планински предели. Прво ќе работиме на заштита на дивечот и планирање на лов, информира претседателот.
Во понеделник ќе биде одржан состанок во ловечкото друштво Сокол каде ќе бидат донесени одлуки и стратегија за исполнување на целите и задачите на друштвото. Ќе се разгледа и можноста од кога ќе започнат со издавање на дозволи.
Владимир Михајловски од октомври 2024 година од страна на собранието на ловечкото друштво Сокол е избран за претседател. Со голема заложба тој успеал да ја поврати лиценцата која повеќе години е одземена, а за која ловците велат дека била одземена поради игри на поединци.
Михајловски вели дека веста е позитивно примена и во друштвото и помеѓу сите ловци што покажува дека има потенцијал ловечкото друштво Сокол да го поврати својот потенцијал од пред една деценија.
Сузана Андоновиќ








