Вести
Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа во населба Карпош
Сообраќајна несреќа со жртва се случила на магистралниот пат Куманово- Крива паланка. Жртва е 71 годишен Б.С. од Куманово, возач на Пежо. Според информациите на полицијата се судриле автомобил и камион.
- На 28.07.2025 година во 13.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово-Крива Паланка, во населба Карпош, кумановско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило и патничко моторно возило “пежо”, управувано од Б.С.(71) од Куманово. Од здобиените повреди, на местото починал Б.С., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увидот е во тек, информираат од СВР Куманово.
Сузана Андоновиќ








