Вести

Фетаи, Затворот во Куманово како пример за добро менаџирање под новото раководство

Фетаи, Затворот во Куманово како пример за добро менаџирање под новото раководство

Заменик на претседателот на Владата, Арбен Фетаи во работна посета на Затворот во Куманово.

Заменик на претседателот на Владата задолжен за политики добро владеење, Арбен Фетаи, денес го посети Затворот во Куманово, каде се сретна со директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, директорот на Затворот во Куманово, Оливер Цветковски и заменик-директорот Илбер Лимани.

Тој го оцени Затворот во Куманово како пример за добро менаџирање под новото раководство.

Вицепремиерот Фетаи беше запознаен со предизвиците со кои се соочува оваа институција, која подолг период се справува со недостаток на вода за пиење – проблем за кој кажа дека ќе се обиде да најде решение што е можно побрзо.

Надлежните на установата кажаа и за можноста за зајакнување на здравствената поддршка за осудените лица, особено во делот на менталното здравје, во соработка со Министерството за здравство.

  • Пенитенцијарниот систем е една од клучните столбови на правната држава и ние сме посветени на негово подобрување и развој согласно европските стандарди, кажа Фетаи.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

July 25th, 2025

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *