Вести
Александар Димитријевски нов координатор на даночното одделение во УЈП Куманово
Александар Димитријевски, дипломиран правник, е нов координатор на даночното одделение во Управата за јавни приходи Куманово.

Димитриевски има 15 години работно искуство, пет години во приватен сектор, а последните 10 години бил вработен во Основното јавно обвинителство Куманово.
„ За ова кратко време како сум вработен во УЈП ДО Куманово, можам да кажам дека затекнав добар човеки потенцијал и генерално добро изградени меѓуколегијални односи,“ вели Димитријевски.
Тој најавува дека фокусот на неговата работа ќе биде насочен кон подобрување на услугите за даночните обврзници – правни и физички лица, поголема транспарентност и подобрување на меѓусебната комуникација.
„Мојата првенствена цел ќе биде подигање на нивото на пружање на услуги кон даночните обврзници, како правни така и физички лица, поголема транспарентност и градење на меѓусебна доверба. Морам да нагласам дека ќе посветиме особено внимание кон ефикасно собирање на даноците и другите јавни давачки, а се со цел намалување на даночната евазија и сивата економија,“ вели Димитријевски и додава дека битно и значајно за него е сите вработени, како тим, да се борат за исполнување на целите и задачите на УЈП.
Сузана Андоновиќ








