Вести

Мотокултиваторите (земјоделски машини)   добија дозволени места за времено паркирање во Куманово

Мотокултиваторите (земјоделски машини) добија дозволени места за времено паркирање во Куманово

Паркинг простори за мотокултиватори се определени на две локации во Куманово:
–  кај влезот на Спомен Костурница
–  на паркингот кај поранешен „Житомел“ (ул. Октомвриска револуција).

Одлуката е донесена на денешниот состанок со сопственици на мотокултиватори, организиран од Општина Куманово, во присуство на претставници од Советот, ЈП „Чистота и Зеленило“, Секторот за инспекција и животна средина и СВР Куманово.

Покрај паркирањето, договорена е и заедничка акција за расчистување на диви депонии, во која ќе учествуваат и сопствениците на мотокултиватори.

Само пред четири години имаше најава од општината дека, сопствениците на овие земјоделски машини, немаат дозвола за движење во сообраќајот, ниту да извршуваат дејност освен ако не се регистрирани на уредна фирма или не работат дополнителна работа за ЈП „Чистота и зеленило“. Тогаш превозниците се собраа пред Општината но од тогаш до сега и по 4 години немаат правен статус, а ниту пак можат да бидат учесници во сообраќајот. Од општината сега добија и паркинг место.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

July 8th, 2025

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *