Вести
Христијан Мицковски утре вечер на трибина во Куманово
Во организација на ВМРО ДПМНЕ Општински комитет Куманово, утре вечер на 9 јули, среда, на градскиот плоштад ќе се одржи трибина на тема ,, Од енергетска стабилност до силна економија”.
На трибината свое обраќање ќе има Христијан Мицковски, претседател на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата, Сања Божиновска, претседателка на коисијата за енергетика и министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, Бобан Николовски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Куманово и директор на Царинската управа, Бране Петрушевски пратеник и Лазар Узунчев, директор на ЕСМ.
Трибината е закажана за 19 30 минути на градскиот плоштад во Куманово.

Сузана Андоновиќ








