Вести
Едно лице е повредено во сообраќајна незгода на Трета македонска ударна бригада во Куманово
Тешка сообраќајна незгода се случила на улицата Трета македонска ударна бригада во Куманово, едно лице е повредено.

Според информациите на учесничката во сообраќајната незгода, не работела светлосната сигнализација. За среќа сите се живи, а една жена е хоспитализирана.

Полицијата е на терен и се врши увид.

Сузана Андоновиќ