Вести
Отворениот градски базен за една недела го посетиле 1 000 посетители
Отворениот градски базен во Куманово од минатата среда е отворен за капачите. Цената на билетот е 150 денари. За една недела го посетиле околу 1 000 лица, најмногу деца, информираа од Јавното претпријатие Куманово паркинг, кој стопанисува со базенот.

– Во среда, кога го отворивме имаше околу 60-70 дечиња, за жал времето и водата беа ладни, од денеска времето е потопло, и се надевам дека ќе имаме и поголем број посетители, изјави Андреа Маџовски, директор на ЈП. Куманово паркинг.

Паралелно со отворениот работи и затворениот базен. Оваа сезона нема интерес за продажба на храна и пијалоци на шанкот на отворениот базен информираше директорот Маџовски.
Сузана Андоновиќ