Вести

Изгаснат е пожарот на Индустриска, црниот чад го покри Куманово

Изгаснат е пожарот на Индустриска, црниот чад го покри Куманово

Пожарот на улица Индустриска во кој изгоре плац за резервни делови, а црниот чад го покри Куманово, е локализиран во два часот по полноќ, информираат надлежните.

Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека пожарот на улица Индустриска во нас.Бедиње, кој вчера избувна во полпадневните часови, на плац за отпад, бил локализиран во 2 часот по полноќ.

Во противпожарната акција за гаснење на пожарот учествувале пет противпожарни возила и тринаесет пожарникари.

Опожарен бил поголем објект за резервни делови, а изгорела и ниска вегетација. Причина за пожарот како и матрејалната штета доплнително ќе се утврдува од надлежните, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

June 24th, 2025

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *