Вести
Во Куманово прогласени првенците на генерација за учебната 2024/25 година од основните и средните училишта
Со свечена манифестација во Занаетчиски дом, денеска се прогласени првенците на генерација за учебната 2024/25 година, од основните и средните училишта на Општина Куманово, во организација на Здружението на просветни работници Куманово.

Манифестацијата ја организараше Здружението на просветни работници од Куманово.
За првенци на генерација во средните училишта се прогласени: Мелани Максимовска од Гимназијата “Гоце Делчев“ Елмедина Селими од Гимназијата „Сами Фрашери“, Стефанија Мартиновска и Амар Сулејмани од СОУ “Перо Наков“, Меланија Додевсла и Кедреса Зибери од Техничко училиште „Наце Буѓони“ и Милица Пешиќ и Арта Аслани од ДСЦ „Киро Бурназ“.

Најдобри ученици во генерацијата од основните училишта се : Ејона Кадриу од “Бајрам Шабани“, Марио Цониќ од “Браќа Миладиновци“, Елеонора Цветковска и Греса Аземи од „Браќа Рибар“ – Табановце, Љуље Асипи и Андреј Малиновски од Битолски Конгрес, Лопате, Кристијан Јакимовски од „Вера Которка“ Клечовце, Лела Пандиловска од „Вук Караџиќ“, Алдон Синани од „Јероним Дерада“, Анабела Цветковиќ од ОУ „Карпош“ Умин Дол, Јован Димковски и Ерина Рамадани од „Кирил и Методиј“ Романовце, Анастасија Арсовска од ОУ„Кочо Рацин“, Влатко Ставревски од „Крсте Мисирков“, Мила Митровска од „Магдалена Антова“, Марио Велевски од „11 Октомври“ , Дукаѓин Јашари од „Наим Фрешери“ , Софија Митевска од “Христијан Карпош“, Кјара Ристиќ и Елвина Дервиши од „Толи Зордумис“, Ана Спиридоновска на виолина и Ева Симоновиќ соло пеење од Музичкото училиште „Панче Пешев“.

Сузана Андоновиќ