Вести
Загина младо момче од Доброшане во сообраќајна несреќа
Од Секторот за внатрешни работи потврдија дека дваесет годишно момче од Доброшане, загина откако изгубил контрола на мотор и удрил во бетонски столб.
Несреќата се случила синоќка на 03.06.2025 околу 21.00 часот на локален пат од с.Орашац, кумановско, кон регионален пат Куманово-Свети Николе.
Мотоциклистот, М.П.(20) од с.Доброшане, кумановско, управувајќи мотоцикл „бмв“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски стол. Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Сузана Андоновиќ