Вести

Малото девојче само се качило во автобус од Куманово за Скопје, мајката го пријавила во полиција за исчезнато

Малото девојче само се качило во автобус од Куманово за Скопје, мајката го пријавила во полиција за исчезнато

Девојчето, за кое вчера беше пријавено дека исчезнало е пронајдено живо и здраво во Скопје. Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека девојчето кое има шест години само се качило во гратски автобус, а подоцна кога сакало да се врати по грешка се качило во автобус за Скопје.

  • На 14.04.2025 во 15.00 часот во СВР Куманово, С.Т.(28) од Куманово пријавила дека нејзината шестгодишна ќерка се оддалечила од домот. Девојчето било пронајдено на подрачјето на Гази Баба во Скопје, а по извршен службен разговор било утврдено дека девојчето најпрвин влегло во градски автобус кој превезувал патници до центар на Куманово, а потоа по грешка, наместо во автобус за враќање до домот, девојчето влегло во автобус кој сообраќал до Скопје, каде била пронајдена од случаен минувач, информираат од СВР Куманово.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

April 15th, 2025

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *