Вести
Жител на Опае нападнал вработен во Куманово паркинг
Откако прво вербално го нападнал вработениот во ЈП Куманово паркинг на депо, У.Ф. од село Опае по расправијата и физички го нападнал вработениот. Напаѓачот е приведен во полицијата информираат надлежните.
-На 02.01.2025 година во 10.20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода У.Ф.(47) од село Опае, Општина Липково. Тој се сомничи дека истиот ден, по претходна вербална расправија физички нападнал вработен во ЈП „Куманово паркинг“, додека бил на работното место во депо на „Пајак“. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Сузана Андоновиќ








