Вести

Општина Куманово е подготвена за зимско одржување на улиците

Општина Куманово е подготвена за зимско одржување на улиците

Општина Куманово е подготвена за зимско одржување на улиците, соопштија денеска надлежните. Годинава снегот во градот ќе го чистат екипи на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, а руралните средини приватна компанија која го доби тендерот. Вкупно за зимско одржување на патишта и јавни површини ќе бидат одвоени 14 милиони денари. Според договорт, исплата ќе биде по завршената работа, вели Ненад Стојановски, директор на ЈП. ,,Чистота и зеленило”.

-Според програма на општина Куманово ние сме задолжени за зимското одржување во централното градско подрачје и за тој дел се предвидени 9 милиони денари, доколку ги искористиме. Останатио дел си има тендерска постапка, приватна фирма е задолжена за руралниот дел. Нашата механизација, како и човечки потенцијал се подготвени, располагаме со три кипер машини, кипер камиони кои имаат соларки од задната страна за расфрлување на сол и однапред имаат ножеви за расчитување на истиот, освен овие три кипер камиони, имаме два трактори, со ножеви и циклони кои треба да ја вршат истата работа, расфрлувањето на сол, како и три автометлачки кои се задолжени за јавно прометни површини како што се плоштадот, пешачки патеки, како и за останати површини каде треба да се интервенира од таков тип, вели Стојановски.

-Последниве години немаме многу снег, сега има најави и очекувања дека ќе има поголеми снежни наноси и подготвени сме да одговориме, вели Ненад Стојановски, директор на ЈП. Чистота и зеленило.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

November 18th, 2024

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *