Вести

Од денес задолжителна зимска опрема за возилата

Од денес задолжителна зимска опрема за возилата

Од денес почна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба.

Оваа обврска ќе трае до 15 март следната година.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата пред неколку дена ја почна кампањата „Користи зимска опрема“, која се реализира со цел потсетување на возачите на законската обврска.

Зимската опрема за лесни моторни возила подразбира зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите од 4 милиметри (6 мм за возила со погон на сите четири тркала) или летни пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите од 4 мм (6 мм за возила со погон на сите четири тркала) и носење синџири за снег во возилото.

За тешки моторни возила се подразбира зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат (лопата).

Зимските пневматици имаат подлабока шара, која овозможува лесно истиснување на водата и снегот и се изготвени од материјал кој е флексибилен и во услови на ниски температури. Обезбедуваат стабилен контакт со подлогата и стабилно управување и запирање на возилото при зимски услови на патот. Зимските пневматици странично имаат ознака: MS, M+S, M&S и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Комбинацијата, односно истовремената употреба на зимски и летни пневматици, е исклучително опасна бидејќи го нарушува управувањето со возилото, особено траекторијата на движење и запирање на возилото.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

November 15th, 2024

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *