Вести
Анета Шандева – Доневска е нов директор на „Куманово- план“
Анета Шандева – Доневска е нов директор на Јавното претпријатие за проектирање и урбанистичко планирање „Куманово план“.
– Најважно е да се продолжи со успешно и позитивно финансиско работење и остварување на целта за кое е формирано ова јавно претпријатие. Да обезбедиме равномерен просторен и одржлив развој на општината,заштита и унапредување на животна средина и природа,заштита на културно историски вредности за да создадеме услови за хумано живеење на нашите граѓани, вели Шандева – Доневска.
Инаку, таа е магистар по правни науки. Има долгогодишно работно искуство приватниот сектор, ЕСМ, ЕВН, АВРМ, а беше и советник во Совет на Општина Куманово во мандатот 2017 – 2021 година.
На позицијата директор на „Куманово план“ доаѓа на местото на Сања Јакимовиќ – Петковска, која доби позиција во Царинската управа на Македонија.
Сузана Андоновиќ