Вести
Црвен крст, Општинска организација Куманово со повик за крводарителска акција
Почитувани крводарители,
Ве повикуваме заеднички, преку највисокиот чин на хуманоста –
крводарувањето, да ги зајакнеме резервите на крвни единици, кои периодов
бележат надолен тренд и опасност од недостаток на одредени крвни групи.
Ги охрабруваме сите здрави и подобни лица кои ги исполнуваат условите за
крводарување да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со
крв.
Крводарителската акција ќе се реализира на 05.09.2024 година (четврток) во
просториите на Црвен крст Куманово од 10 до 15 часот.
Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот
Интегрално соопштение од Општинската организација на Црвен крст Куманово