Вести

Во кумановските училишта новата учебна година започна со намален бројот на првачиња

Во кумановските училишта новата учебна година започна со намален бројот на првачиња

Новата учебна 2024/25 година во Куманово започна со едно затворено подрачно училиште и со помал број на првачиња споредбено со претходната.

„Оваа година во прво одделение се запишани 970 ученици или 110 помалку првачиња од минатата година, а во споредба со другите општини имавме пораст на упис на ученици. Во општинско училиште „Кочо Рацин“, подрачно училиште во село Габреш, училиштето се затвора поради тоа што нема запишано ученик во прво одделение, изјави Александар Јовановиќ, раководител на Сектор за образование во општина Куманово

Во однос на најавената оптимизација на образовниот процес, односно воведување т.н. едносменска настава, Куманово не ги исполнува условите, особено не училиштата во градските средини каде има голем број ученици.

„ Во споредба со другите општини, општина Куманово е најголема и се уште централно-градските училишта го исполнуваат максимумот од 30 ученици во паралелка, додека во руралните паралелки е намален бројот на учениците. Учебната година, дел од учениците од Агино село наместо во своето училиште настава ќе следат во централното и во ООУ „Вук Караџиќ“, додека трае реконструкцијата на нивната училишна зграда на ООУ „Кирил и Методиј““, изјави Јовановиќ.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

September 2nd, 2024

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *