Вести

Труење со храна во Куманово, во два одделни случаи 20 лица побарале помош на инфективно

Труење со храна во Куманово, во два одделни случаи 20 лица побарале помош на инфективно

Во два одделни случаи 20 лица биле затруени со храна во Куманово, потврдуваат од Општа болница. Десет лица биле затруени на приватна забава, а 14 во ресторан. Сите се во стабилна состојба и се пуштени на домашно лекување, според симптомите надлежните се сомневаат дека најверојатно се работи за ист предизвикувач.

Во тек е постапка за точно дијагностицирање и детектирање на изворот и причинителот на заразата- информира Стефан Трајановски директор на Општа болница , Куманово.

  • За настанот кој што се случил вчера се работи за труење на домашна прослава за девет,десет лица со клиничка слика на диареја, сите лица се амбулантски решени со рехидрирање, во стабилна состојба се пуштени сите на домашно лекување. Со слична клиничка слика, во текот на минатата недела, но во ресторан се има случено труење во малку поголем број, се работи за четиринаесет лица кои со слична клиничка слика, рехидрирани, во стабилна состојба се пуштени на домашно лекување. Во текот на минатата недела со слична клиничка слика од тој ресторан се имаат јавено уште еден или двајца пациенти. Бидејќи се работи за труење со храна на лица кои што се со слична клиничка слика најверојатно се работи и за ист предизвикувач. Во тек е постапка за точно дијагностицирање и детектирање на изворот на заразата и причинителот на заразата. На инфективното одделение моментално и од двата настана нема задржано лица на хоспитално лекување,- изјави д-р Стефан Трајановски, директор на Општа болница Куманово.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

September 2nd, 2024

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *