Вести

Водата од градскиот водовод да не ја користат граѓаните за пиење во Куманово, апелираат од ЦУК

Водата од градскиот водовод да не ја користат граѓаните за пиење во Куманово, апелираат од ЦУК

Центарот за управување со кризи информира граѓаните на Куманово да не ја користат водата од градскиот водовод за пиење.

  • Утрово, до Центарот за управување со кризи до Секторот за операции и координација е побарана координација помеѓу институциите заради надминување на голем проблем за водоснабдување на градот Куманово.
    По вчерашните обилни поројни врнежи од дожд и град во Липковскиот регион е предизвикано зголемување на нивото на Липковска Река, што има влијание на системот за водоснабдување – на филтер станицата на ЈП Водовод Куманово. Според информацијата од одговорно лице на филтер станицата се работи за количина на над 10.000 m3 заматена вода што влијае на процесот на прочистување и испорака на истата до граѓаните. Од тие причини, во моментот е појавена заматеност на водата во цевководниот преносен систем и е прекината дистрибуцијата до граѓаните, што најверојатно ќе трае во текот на целиот денешен ден, а по потреба, се до моментот на надминување на состојбата.
    Од Центарот за управување со кризи, веднаш е побарано инспекциските служби и Центарот за јавно здравје од Куманово да излезат на лице место, направат увид, земат мостри за анализа и донесат соодветно решение за понатамошна постапка. Истовремено е известена и Општина Куманово за понатамошна постапка, во насока преземање мерки и активности за надминување на состојбата во интерес на граѓаните, а во моментот е воспоставена е комуникација со медиумите заради известување кон граѓаните на Куманово.
    Најавено е дека во 12.00 часот ќе заседава Општински штаб со сите претставници од институции во Општина Куманово, информираат од ЦУК.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

May 22nd, 2024

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *