Вести
Завршен настан на проектот „Think b4 you click – Размисли пред да кликнеш“
Завршен настан од проектот „Think b4 you click – Размисли пред да кликнеш“ во организација на граѓанскиот центар „АктвиУм“ и кумановското основно училиште „Крсте Мисирков“ се одржа денеска во занаетчискиот дом Куманово. Стручните од повеќе институции ги повикаа учениците да пријават сајбер насилство, да ги информираат стручните служби, наставниците, родителите.

-Искрени пофалби за видеото и настапот на средношколците од гимназијата „Гоце Делчев“ на тема сајбер насилство. Добро е што децата го препознаваат булингот и сакаат активно да учествуваат во негово намалување во школските клупи, но и вон наставата, бидејќи онлајн насилството демне 24 часа, седум дена во неделата. Се надевам дека сите заедно ќе успееме да и ставиме крај на оваа девијантна појава, која сè повеќе зема замав во нашето општество, изјави претседателката на советот на Ивана Ѓорѓиевска.

Во рамки на проектот изработено е едукативно видео кое преку социјалните мрежи се шири низ учениците од централното училиште, но и меѓу врсниците од други училишта. Во рамки на осуммесечниот проект одржани се работилници за наставниците, за учениците, кои се едуцирани за различни облици на сајбер закани, како да ги препознаат, кои се обврските на училиштето во справувањето и на кој начин можат да соработуваат меѓу себе, со родителите, но и полицијата на превенција и заштита.

-Проектот „Think b4 you click – Размисли пред да кликнеш“ е чекор напред во преземањето на активности кои водат кон намалување и подобро справување со сајбер булингот во општина Куманово, преку зголемување на дигиталната писменост меѓу учениците на возраст од 11 до 15 години и наставниците во училиштето. Проектот е добра основа за иницирање и надградување на понатамошни активности во доменот на дигитализацијата и младите во нашата општина, како и потенцијалите на соработка меѓу здруженијата на граѓани и локалните институции и училишта. Веќе подолго време медиумите во нашата држава известуваат за алармантен број на ученици кои се жртви од сајбер насилство. Сметаме дека со проектот успеавме да допреме до учениците и да ги охрабриме да пријават и да делуваат, изјави, Марија Тошева од „Активум“.
Раководителот на сектоорт за образование Александар Јовановиќ рече дека како сектор ги поддржуваат проектите и иницијативите за намалување на „сајбер булинг“ кој за разлика од времето пред социјалните мрежи е подолготрајно, бидејќи, за разлика од минатото, продолжува преку социјалните мрежи и по завршување на часовите.

-Жртвите трпат насилство преку социјалните мрежи и по завршување на наставата. Мора како општество да реагираме, да превенираме, да спречиме, рече Јовановиќ.
Дејан Спасовски, самостоен инспектор за компјутерски криминалитет од СВР Куманово, рече дека во рамки на проектот одржани се едукативни предавања за компјутерски криминалитет, казнивите поведенија и превентивно делување на наставниците и учениците.
-Многу е важно да се прошири овој тип на едукација кон родителите како неизбежна алка во семејството. Потребата за продолжување на вакво проект е да се дестигматизира појавата, да се искорени, зашто децата се нашата иднина, кажа Спасовски.
Од здружението и од училиштето велат дека досега се организираа работилници за 50 наставници од училиштето, преку што најпрво наставниот кадар се запозна со различни облици на сајбер закани за младите, како да ги препознаат, кои се обврските на училиштето во справувањето и на кој начин можат да соработуваат меѓу себе, со родителите, но и полицијата на превенција и заштита. Потоа почнаа работилниците и за учениците при што најпрво се обучија 40 ученици, т.е сите претседатели и потпретседатели од секое одделение. Учениците изработија и ликовни творби преку кои ги изразија размислувањата за штетните последици од сајбер булингот. Тие кажаа дека работилниците биле успешни, интерактивни им овозможиле директно да истражуваат, креативно се изразуваат што придонело за креирање атмосфера во која се споделуваат вистински случувања и да работат на утврдување на чекорите со кои ќе се спречи сличните случувања да се повторуваат и да се разрешат. Проектот е финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија во рамки на годишната програма за работа на Фондациите Отворено општество – Западен Балкан.
Сузана Андоновиќ