Вести

Бојмацалиев на граничен премин Табановце  – -Вложивме три милиони евра во специјални возила за надзор на границите

Бојмацалиев на граничен премин Табановце – -Вложивме три милиони евра во специјални возила за надзор на границите

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев ја посети Полициската станица Граничен Премин Табановце, каде што оствари работна средба со раководствата на оваа организациска единица, како и со раководството на Регионалниот центар за гранични работи СЕВЕР, на коишто беше брифиран за резултатите во изминатите два месеца.

„Во периодот јануари – февруари 2024 година протокот на патници на ГП Табановце изнесува 696.518 патници. Во наведениот период на ГП Табановце извршена е селективна контрола на вкупно 28.278 патници. Во овој период имаме 6 кривични дела и 59 прекршоци. Oткриени се вкупно 8 (7) фалсификувани документи. Во однос на истиот период лани се бележи тренд на зголемување на бројот на откриени документи за 14,9%. Исто така откриен е 1 случај на сомнение за фалсификувано возило. Во делот на илегална миграција во однос на истиот период лани се бележи тренд на зголемување на бројот на откриени илегални мигранти за 60%”, информираше Бојмацалиев во изјава за медиумите по брифингот.

Во оваа прилика Бојмацалиев истакна дека изминативе години беше вложено многу во модернизацијата на средствата и работната опрема на полициските службеници.

„Би сакал да го истакнам фактот дека обезбедивме 10 специјални возила за надзор, со термални камери со домет од 10км. Возилата се викаат MSS (mobile surveillance system) или Мобилен систем за надзор. Вкупната инвестиција за 10 возила изнесува 3 милиони евра”, рече Бојмацалиев, појаснувајќи дека секоја станица има извидувачка камера.

„Сите станици имаат извидувачки камери што регистрираат движење и праќаат слика, по 4 во секоја станица со набавени сим картици за пренос на сликата од камерата до дежурниот и други адреси на кои е сетирана камерата”, рече Бојмацалиев, додавајќи дека годинава треба да добиеме и 8 дрона, по два за секој РЦ.

Во оваа прилика Бојмацалиев беше информиран за успешноста на дигиталната алатка против корупцијата – боди камерите со кои изминативе денови беше снимен случај на поткуп од грузиски државјанин кон македонски полициски службеник на ГП Табановце.

Бојмацалиев ги потенцираше и ФРОНТЕКС извештаите.

„Воедно, извештаите на европската агенција за гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС, како и другите релевантни организации, во своите извештаи за Северна Македонија бележат само високи резултати потврдувајќи го кредибилитетот на МВР на регионално и меѓународно ниво во борбата против илегалната миграција”, подвлече Бојмацалиев.

Одговарајќи на новинарски прашања рече декаа набавката на дроновите привршува. 

-Мислам дека за некој месец ќе пристигнат дроновите, тоа е во финална фаза. Сите полицајци на граничниот премин Табановце и Блаце се обезбедени со боди камери и така сите криминални влијанија ги снимаме на лице место. Затоа ќе кажам дигитализацијата е многу битна во борбата против корупцијата, рече Бојмацалиев.

Во однос на документите нагласи дека најмногу барања има за пасоши.

– За личните карти знаете дека важат до самиот истек, возачките важат до крајот на годината. Во моментот е тоа што го зборував минатата недела, се соочуваме со проблем и лоша организација од страна на кабинетот на министерот кај што им земаме на граѓаните пари, ги сликаме и потоа место да ги добијат своите лични документи во 15 дена, тие ги добиваат во 50 дена. Негде 50.000 документи не се одобрени, тоа го зборувам од првиот ден од кога сум на оваа функција дека мораме да внимаваме процесот да движи нормално доколку граѓанинот го сликаме документот да го добие во 15 дена. Според мене не е фер и не е етички на граѓанинот да му ги земеме парите, а граѓанинот пак да чека. Подобро е да му кажеме на граѓанинот дека денеска не можело да го сликаме, да му ја пружиме таа услуга за 15 дена и за 15 дена да си ги земе документите. Вака само ги земаме парите на граѓаните и ги ставаме граѓаните во заблуда дека ќе го имаат својот личен документ, рече Бојмацалиев.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

March 21st, 2024

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *