Вести

Полицијата ги пронајде лицата што извршија грабеж во Куманово, двајцата се од скопско село Буковиќ

Полицијата ги пронајде лицата што извршија грабеж во Куманово, двајцата се од скопско село Буковиќ

Денеска (16.03.2024), полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.А.(28) и Е.А.(32), двајцата од с.Буковиќ, скопско. Тие се сомничат дека на 15.03.2024 околу 20.20 часот на улица „Доне Божинов“ во Куманово со патничко моторно возило „ренџ ровер” со скопски регистарски ознаки удриле во патничко моторно возило „фолксваген пасат”, кое го управувал С.С.(63) од Куманово, при што пукале кон С.С. и му одзеле торба со пари, а подоцна го запалиле возилото „ренџ ровер”. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Уште еден случај но не на разбојништво бил пријавен во кумановската полиција, тука било пријавено дека две вооружени лица влегле во домот на Б.А. од Куманово.

На 16.03.2024 во 01.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека во домот Б.А.(46) на улицата „Киро Антевски” во Куманово влегле две лица и му се заканиле со пиштол. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

March 16th, 2024

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *