Вести

Вооружен напад и грабеж пред влезот во населба Карпош во Куманово

Вооружен напад и грабеж пред влезот во населба Карпош во Куманово

Вечерва се случил вооружен грабеж на патот кон населбата Карпош во Куманово. Според информациите на полицијата , напаѓачите биле со џип Ренџ ровер, со кој прво удриле во автомобил Пасат кој го управувал С.С. 63 годишен од Куманово, потоа пукале кон возачот и му одзеле торба со пари. Нема информации во каква состојба е нападнатиот кумановец, ниту за напаѓачите.

  • На 15.03. 2024 година во 20.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата “Доне Божинов” во Куманово патничко моторно возило “ренџ ровер” со скопски регистарски ознаки удрило во патничко моторно возило “пасат” со кумановски регистарски ознаки управувано од С.С.(63) од Куманово.При што неколку лица пукале кон возачот на патничкото моторно возило “пасат” и му одзеле торба со пари, а подоцна го запалиле патничкото моторно возило “ренџ ровер”. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од полицијата.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

March 15th, 2024

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *